„Знаете дека ѝ дадовме поддршка на Украина и дека се стремиме да го зголемиме притисокот врз Русија“, изјави Мерц за време на посетата на Белата куќа.
Трамп му се заблагодари на Мерк за посетата, кој на американскиот претседател му подари врамена копија од изводот од матичната книга на родените на неговиот дедо Фредерик (Фридрих) Трамп, роден во Германија во 1869 година.
The Chancellor of Germany presents President Trump his grandfather’s birth certificate! 🇩🇪 pic.twitter.com/gMoatjzlND
— Margo Martin (@MargoMartin47) June 5, 2025
„Нашиот народ ни довери мисија, а дел од таа мисија е да имаме многу добри односи со вашата земја. Затоа сакам да ви се заблагодарам што сте тука“, изјави американскиот претседател.
„Знам дека сега трошите повеќе пари за одбрана, многу повеќе пари, и тоа е добра работа“, додаде Доналд Трамп, кој ги повикува сојузниците во НАТО да вложат дополнителни напори.