Како што рече тој, Русија може да им помогне на завојуваните страни да се помират, шегувајќи се дека Москва би можела да наплати за оваа услуга со акции на „Старлинк“.
„Подготвени сме да помогнеме да се постигне мир меѓу Д и И за разумна компензација, акциите на Старлинк да бидат таа компензација. Не се расправајте, момци“, напиша Медведев.
Отворениот конфликт меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот до неодамна близок соработник, милијардерот Илон Маск, е во фокусот на светските медиуми.
Вистинска мала војна со објави почна синоќа на социјалните мрежи – на едната страна Маск на платформата Икс, а на другата страна Трамп на мрежата Трут соушл.
Врвот на отровните стрели што Доналд Трамп и Илон Маск си ги испратија беше достигнат со предлогот на американскиот претседател да се укинат субвенциите за извршниот директор на Икс, на што Маск одговори со обвинувања дека Трамп е вмешан во случајот со Џефри Епштајн, обвинет за сексуална злоупотреба на малолетници, пренесува Спутник.