вторник, 15 јули 2025

Масовно протерување: Повеќе од 200.000 Авганистанци го напуштија Пакистан за два месеци

Повеќе од 200.000 Авганистанци се вратиле во својата земја од 1 април, кога Пакистан започна кампања за масовно протерување на околу три милиони Авганистанци присутни на негова територија, соопшти денеска пакистанското Министерство за внатрешни работи.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

На 1 април, Исламабад едноставно ги укина дозволите за престој на околу 800.000 Авганистанци, од кои некои се родени во Пакистан или живеат таму со децении.

Пакистан се заканува дека на крајот на јуни ќе ја прекине заштитата дадена на 1,3 милиони Авганистанци со статус на бегалци, која им ја додели Високиот комесаријат за бегалци на ОН.

Мерките беа воведени по месеци медиумска кампања против Авганистанците обвинети за тероризам и поддршка на политичките противници на владата.

Темпото на заминување, делумно доброволно, но и со полициска принуда, значително се намали. Во април 135.865 Авганистанци го напуштиле Пакистан, а во мај 67.478.

Трендот се чини дека продолжува и во првите два дена од јуни, со околу 1.500 заминувања дневно, според податоците од пакистанското Министерство за внатрешни работи.

Хуманитарните работници и активистите за човекови права веруваат дека принудувањето на Авганистанците да се вратат ги става во опасност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ