понеделник, 9 јуни 2025

Масовна евакуација во Канада (ФОТО+ВИДЕО)

Повеќе од 17.000 жители на канадската покраина Манитоба ги напуштаат своите домови во најголемата евакуација во модерната историја на земјата.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Покраината Манитоба, која се наоѓа во западна Канада, прогласи вонредна состојба поради големите шумски пожари, а премиерот на оваа покраина, Ваб Кину, побара помош од федералните власти и канадската војска за преместување на населението и гаснење на пожарите.

„За прв пат имаме пожари во сите региони. Ова е знак на климатските промени на кои ќе мора да се прилагодиме“, предупреди премиерот на покраината Манитоба, Ваб Кину, според британски Гардијан.

Најкритична ситуација е во градот Флин Флон, каде што 5.000 жители се повикани на итна евакуација поради приближување на пожарот.

Пламените во некои делови од Манитоба достигнаа висина од над 35 метри, а поради густиот чад и брзото ширење на пожарот, на пожарникарите им е сè потешко да се борат против огнената стихија.

Евакуацијата ги опфати и оддалечените домородни заедници, а најголемиот број раселени лица ќе бидат сместени во главниот град на покраината, Винипег.

Во моментов има 22 активни пожари во Манитоба, а низ цела Канада се регистрирани дури 134 пожари, од кои половина се надвор од контрола.

Според канадските власти, речиси 200.000 хектари шуми изгореле во изминатиот месец.

Според локалните власти, еден пожарникар бил сериозно повреден, а претходно овој месец две лица ги загубиле животите во пожар во местото Лак ду Бонет, североисточно од Винипег.

Поради подолгиот период на суво и топло време, Манитоба доживува највисоко ниво на пожарна активност во цела Канада досега оваа година, соопшти противпожарната служба на покраината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ