недела, 14 декември 2025

Масовен руски напад врз Киев, има мртви, меѓу нив и бебе, Полска подигна авиони (ВИДЕО)

Во текот на ноќта, Русија започна масовен напад со стотици беспилотни летала и ракети врз украинските градови, а во Киев беа погодени бројни станбени згради. Најмалку три лица, меѓу кои и едногодишно дете, загинаа во нападите на главниот град, 17 се повредени, пренесува Киев Индипендент. Беше погодена и зградата на Владата. Украинската премиерка Јулија Свириденко изјави дека главната зграда на владата е оштетена за прв пат од почетокот на војната и дека пожарникарите ги гаснат пожарите.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ја потврди трагичната вест, додавајќи дека најмалку пет лица се хоспитализирани, вклучувајќи и една бремена жена. Украинското воено воздухопловство соопшти дека Русија во текот на ноќта лансирала 805 беспилотни летала и 13 ракети кон Украина.

Првите предупредувања за воздушен напад беа издадени околу 23:30 часот по локално време, а новинарите известија за силни експлозии околу 3:30 часот наутро. Според градоначалникот, остатоци од руски беспилотни летала погодиле три станбени згради во населбата Свјатошински и една во населбата Дарнитски, предизвикувајќи пожари.

Службениците на државните служби за вонредни ситуации соопштија дека пожар избувнал на два од четирите ката на станбена зграда во населбата Дарницки, погодена од напад со беспилотно летало, нејзината структура е делумно уништена. Во населбата Свјатошински, неколку ката од зграда се делумно уништени, соопштија Кличко и службениците за вонредни ситуации.

Делови и фрагменти од беспилотното летало предизвикаа пожари во станбена зграда од 16 ката и уште две други згради, додаде градоначалникот. Чад се издигаше од станбените згради, некои се со делумно срушени фасади, според фотографиите објавени на социјалните мрежи од страна на службениците за итни случаи.

Русија „намерно и свесно напаѓа цивилни цели“, рече Тимур Ткаченко, началник на воената администрација на главниот град, на Телеграм.

Во Запорожје силите погодија работилница во индустриска зона, но за среќа немаше жртви. Во регионот Полтава, во градот Кременчук, беа погодени приватна компанија и семеен дом. Експлозии беа регистрирани и во Харков и Дњепар, во сила беше воздушна тревога во сите украински региони.

Русија, исто така, изврши воздушни напади во западна Украина, во близина на границата со Полска, поради што полските и сојузничките авиони беа активирани за обезбедување на полскиот воздушен простор, соопшти оперативната команда на полските вооружени сили.

„Полските и сојузничките авиони дејствуваат во нашиот воздушен простор, додека копнените системи за воздушна одбрана и радарско извидување се поставени на највисоко ниво на готовност“, се вели во соопштението на командата на мрежата Икс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ