недела, 4 мај 2025

Макрон: Трамповата делумна суспензија на царините носи само кревка пауза

Францускиот претседател Емануел Макрон во петокот рече дека одлуката на Доналд Трамп да ги суспендира тарифите за 90 дена, кои претходно ги наметна на другите земји, носи само „кревка пауза“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Делумното суспендирање на американските царини за 90 дена испраќа одредена порака и ја остава отворена вратата за преговори. Но, оваа пауза е кревка“, напиша Макрон на платформата Икс.

„Кревка, бидејќи царините од 25 проценти за челик, алуминиум и автомобили и царините од 10 проценти за сите други производи остануваат на сила. Тие претставуваат 52 милијарди евра за Европската унија! Кревка, бидејќи тие 90 дена значат 90 дена неизвесност за сите наши компании, од двете страни на Атлантикот и пошироко“, додаде тој.

Ројтерс, исто така, пренесува дека Макрон повторил дека Франција и Европската унија ќе настапат единствено во преговорите насочени кон постигнување договор и укинување на американските царини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ