сабота, 11 април 2026

Макрон до Иран: Искористете ја шансата

Францускиот претседател Емануел Макрон го повика Иран да ги искористи мировните преговори со Соединетите Американски Држави за да придонесе кон постигнување трајна деескалација, по телефонски разговор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Го повикав да ја искористи можноста што ја нудат преговорите започнати во Исламабад за да се отвори пат кон трајна деескалација и кон строг договор што обезбедува цврсти гаранции за безбедноста во регионот, меѓу другото и за сите вклучени земји“, напиша Макрон во саботата на Икс.

„Ја нагласив потребата Иран брзо да ја обнови слободната и безбедна пловидба во Ормускиот теснец, за што Франција е подготвена да придонесе“, додаде тој.

Макрон исто така ја истакна „важноста од целосно почитување на примирјето, вклучително и во Либан“, и рече дека Франција целосно ги поддржува постапките на либанските власти.

И покрај тоа што САД и Израел се согласија на двонеделно примирје со Иран, Израел продолжува да нанесува штета во Либан додека го гони Хезболах.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ