петок, 19 декември 2025

Мадуро не се повлекува: Тајното оружје на Венецуела (ВИДЕО)

Венецуелската морнарица одговара на распоредувањето на нови американски воени бродови со испраќање брзи ракетни чамци од класата Пејкаап-3, купени од Иран, кои можат да носат две ракети со дострел до 90 километри.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

На крајот на 2023 година, врз основа на енергетскиот договор меѓу Венецуела и Иран, беше потпишан договор за набавка на ракетни чамци од класата Пејкаап-3 за венецуелската морнарица.

Откако американската морнарица почна да собира поморски сили во близина на територијалните води на Венецуела, руските канали на Телеграм известуваат дека Венецуелската морнарица испраќа брзи ракетни чамци во Карипското Море.

Овие ракетни чамци се вооружени со по две против бродски ракети и, поради нивната мала големина, можат да бидат многу непријатен противник во територијалните води. Секој од чамците може да носи ракети ЦМ-90 со дострел до 90 километри со боева глава од 130 килограми, што овозможува потонување и тешко оштетување на разни видови пловни објекти.

Со овој потег, како и со сè почестите средби меѓу американските бродови и венецуелските авиони, Мадуро се обидува да претстави воен одговор на американската инвазија како последна, но реална опција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ