недела, 14 декември 2025

Лавров за џемперот со натпис СССР во Алјаска

Ако човек не се сеќава на своите корени, ако нема носталгични спомени од детството и младоста, таков човек тешко може да разбере што е човештвото и неговите вредности, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

„Што се однесува до СССР. Ако не се сеќавате на своите корени, ако немате носталгични спомени од детството, младоста, првата љубов, пријателите, тогаш тешко дека вистински го претставуваш човештвото и човечките вредности“, рече тој во интервју за Ен-би-си, коментирајќи го џемперот со натпис СССР во кој пристигна на самитот во Алјаска.

Министерот исто така нагласи дека неговото појавување во таков џемпер не е сигнал за желбата на Русија да го обнови СССР.

Ние сме родени во Советскиот Сојуз. Рускиот претседател Владимир Путин постојано повторува дека оној кој не жали за распадот на СССР нема срце. Но, оној кој сака да го обнови нема мозок. „Тоа е апсолутно точна изјава“, додаде Лавров.

Тој објасни дека едно е да се сеќаваш и да го цениш она што се случувало во твојот живот во текот на многу години, а сосема друго е да се обидуваш да освоиш сè околу себе по воен пат.

„Ги признавме сите поранешни советски републики како независни држави. Ги подобруваме односите со нив, како со во целост независни држави“, заклучи тој, пренесува Спутник.

Претходно, Лавров рече дека американскиот државен секретар Марко Рубио позитивно ја оценил неговата облека.

„Без никаква хистерија, тие едноставно рекоа дека им се допадна блузата, како што се изрази Рубио“, рече рускиот министер за надворешни работи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ