недела, 1 јуни 2025

Лавров: Русија ќе продолжи да ги гаѓа локациите кои ги користи украинската војска

Русија ќе продолжи да ги гаѓа позициите на украинската војска, кажа рускиот министер за надворешни работи Сергеј лавров, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека руските сили веќе извршиле 70 напади.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лавров истакна дека минатонеделниот смртоносен руски ракетен напад на станбена зграда во Киев не бил насочен на „цивилна мета“.

„И понатаму ќе продолжиме да ги гаѓаме локациите кои ги користи украинската војска, платениците од странски земји и инструкторите кои Европејците официјално ги испраќаат за да помогнат во гаѓањето руски цивилни локации“, кажа Лавров за емисијата на Си-би-ес Соочување со нацијата.

Нападот во кој загинаа најмалку 12 луѓе во петокот го поттикна американскиот претседател Доналд Трамп да му упати ретка критика на рускиот претседател Владимир Путин со пораката објавена на социјалните мрежи: „Владимир, СТОП“.

Лавров кажа и дека на Русија никогаш не ѝ била понудена помош за работата на украинската нуклеарна централа Запорожје и додаде дека Русија е спремна да го складира збогатениот ирански нуклеарен материјал ако Соединетите Американски Држави и Иран сметаат дека тоа е корисно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ