„Одговорот ќе дојде кога и на начин на кој нашите војници ќе сметаат дека е соодветно“, изјави Дмитриј Песков за време на неговото секојдневно обраќање пред новинарите.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера, по телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, предупреди дека Русија ќе возврати на неодамнешниот напад на украинските беспилотни летала во кои беа уништени или оштетени неколку руски воени авиони.
Украина викендов ја гаѓаше руската воена авијација на неколку аеродроми, илјадници километри оддалечени од нејзината граница, откако тајно вметна експлозивни беспилотни летала во Русија за време на сложена операција, пренесува Франс прес.
Москва, исто така, во вторникот го обвини Киев дека стои зад експлозиите што уништија два моста и предизвикаа железнички несреќи минатиот викенд, во кои загинаа седум лица, а повеќе од сто беа повредени, вклучувајќи деца, во руските погранични региони Курск и Брјанск.