четврток, 1 мај 2025

Кога Украинците ќе бираат нов претседател?

Војната во Украина сè уште трае, но сè погласни се сигналите дека наскоро би можело да дојде до примирје. Претседателот Володимир Зеленски веќе шест години е на челото на земјата, иако мандатот му истече, откако процени дека нема услови за одржување избори. Прашањето сега е кога Украинците конечно ќе можат да излезат да гласаат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според британски Економист, избори би можеле да се одржат веќе во јули, набрзо по евентуалното укинување на воената состојба, за што Соединетите Американски Држави сакаат да се случи најдоцна до 20 април. Зеленски, кој беше избран во 2019 година на петгодишен мандат, наводно планира да се кандидира и за втор, и на својот тим му дал задача да ги почне подготовките штом почне пошироко примирје.

Меѓутоа, подготовките за избори сè уште официјално не се почнати. Шефот на пратеничкиот клуб на партијата на Зеленски Слуга на народот, Давид Арахами, изјави дека сите парламентарни партии се согласни дека избори би можеле да се одржат дури шест месеци по укинувањето на воената состојба.

На крајот на февруари парламентот усвои декларација за „поддршка на демократијата“, во која беше потврдено дека претседателски избори ќе бидат одржани дури кога ќе се воспостави „сеопфатен, праведен и одржлив мир“. Со тоа беа отфрлени тврдењата на официјална Москва дека Зеленски повеќе не е легитимен лидер на Украина.

И Русија и Соединетите Американски Држави повеќе пати бараа да се одржат нови избори. Американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на годината го нарече Зеленски „диктатор без избори“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ