понеделник, 5 мај 2025

Кина со години се подготвува за царините на Трамп, вели уредник на Економист

Кина внимателно и долгорочно се подготвуваше за тарифите од Вашингтон и има низа краткорочни и долгорочни контрамерки, тврди Дејвид Рени, уредник за геополитичкото списание Економист.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за Би-би-си, Рени вели дека кинеските функционери и академици со кои неодамна разговарал во Пекинг, свесно очекувале трговски конфликт уште за време на претседателската кампања на Трамп.

„Кина сака да планира. Сакаат петгодишни планови. За нив е исклучително тешко да се справат со ваков самоволен, трансакциски американски претседател“, рече Рени.

„Тие се подготвуваа многу внимателно и многу долго. Имаа краткорочни подготовки специфични за САД, но и долгорочни мерки со кои се обидуваат да ја пренасочат и балансираат целата своја економија, за да ја намалат зависноста од извозот“, додаде тој.

Еден од најјасните примери на кинеската стратегија е воведувањето царини за американската соја. Рени истакнува дека мерката директно влијае на гласачката база на Трамп во средниот запад на САД, додавајќи дека Пекинг може истовремено да набавува соја од Бразил и Аргентина.

„Логиката во Пекинг оди вака: Што можеме да направиме за да ги заболи гласачите на Трамп, да го привлече неговото внимание, а тоа да можеме да го купиме од друго место?“ објасни Рени.

Од утрово стапија на сила кинеските царини од 84 отсто за американски стоки, како одговор на тарифите од 125 отсто што претходно ги наметна администрацијата на Трамп. Аналитичарите предупредуваат дека ваквиот развој на настаните може силно да го погоди американското земјоделство, но и да ги зголеми цените за американските потрошувачи.

Засега и двете страни не покажуваат знаци на попуштање. Пекинг вели дека „ќе се бори до крај“, додека слични пораки доаѓаат од Вашингтон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ