среда, 16 јули 2025

Камион удрил во Боинг на лондонски Хитроу, возачот ги помешал сопирачката и гасот (ФОТО)

Камион удрил во Боинг 787-9 на компанија од Саудиска Арабија на аеродромот Хитроу пред три дена, правејќи дупка во авионот и предизвикувајќи долги одложувања, пренесува Мирор.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Возачот изгубил контрола над камионот кој удрил во авионот на земја, откако го помешал педалот за гас со сопирачката. Ова се случило само неколку минути откако патниците на летот СВА105 од меѓународниот аеродром Крал Абдулазиз во Џеда, Саудиска Арабија, се симнале од авионот на терминалот 4 на лондонскиот аеродром.

Носачите на багаж на местото на настанот опишаа како возачот ги помешал педалите на камионот и ја предизвикал штетата. „Возачот веројатно се обидувал да изведе безбедносен протокол за маневрирање каде што треба да ги притисне сопирачките неколку пати кога се приближува до авионот.“

Тие имаат протокол според кој мораат целосно да застанат неколку пати додека се приближуваат до авионот. Мислам дека го измешал педалот за гас со педалот за сопирање и удрил во авионот. Бидејќи трупот на авионот беше дупнат, пристигнале противпожарната служба и полицијата.

„Тој авион нема да може да лета уште долго бидејќи треба да се замени и мора да биде херметички затворен за да може да лета, се разбира“, објаснуваат вработените. Следниот лет од Хитроу до Џеда беше откажан, а патниците на оригиналниот лет мораа да чекаат за подигање на багажот.

“Не знам каква е штетата внатре, но претпоставувам дека АБМ ќе биде одговорна за штетата. Како што полека се приближуваше камионот, наместо да направи проверка на сопирачките, само забрза напред во авионот. Сите беа шокирани, сè мораше да запре, едноставно е толку глупаво, речиси е смешно”, раскажува управувачот со багажот.

„Мислам дека беше потребно повеќе од еден час за да се отстрани камионот од аеродромот. Мораа да фотографираат од местото на настанот и да земат изјави од сите вклучени, како што се пилотот, возачот и персоналот на аеродромот. Многу ретко се случува ова, некои од нас имаат над 15 години искуство во ракување со багаж и никогаш не сме виделе нешто слично“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ