„Иранскиот диктатор ги претвора своите граѓани во заложници и создава ситуација во која токму тие – а особено жителите на Техеран – ќе платат висока цена за криминалните напади врз израелски цивили“, рече Кац. Тој додаде дека ако врховниот лидер Али Хамнеи продолжи со нападите врз израелска територија, „Техеран ќе гори“.
Израел и Иран разменуваат воздушни напади од вчера во најжестоката директна конфронтација досега. Израел нападна, тврдејќи дека гаѓал воени и нуклеарни цели, а Иран одговори со ракети и беспилотни летала.
Според досега достапните информации, во нападите се убиени десетици луѓе, вклучувајќи неколку високи ирански генерали. Ситуацијата на Блискиот Исток останува исклучително нестабилна.