петок, 19 декември 2025

Израел се заканува со еднострана акција во случај на признавање на Палестина

Признавањето на државата Палестина од страна на западните земји би можело да го принуди Израел да преземе еднострани мерки, предупреди министерот за надворешни работи Гидеон Саар, по информациите за плановите за анексија на делови од окупираниот Западен Брег.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Францускиот претседател Емануел Макрон во јули објави дека Франција ќе ја признае државата Палестина на Генералното собрание на Обединетите нации кон крајот на септември. Неколку земји, вклучувајќи ги Канада, Австралија и Белгија, објавија дека ќе го сторат истото.

„Земји како Франција и Велика Британија кои се залагаа за таканареченото признавање (на државата Палестина) направија огромна грешка“, изјави Саар на прес-конференција со својот дански колега Ларс Локе Расмусен, кој е во посета на Ерусалим.

„Не можеме да го одвоиме прашањето за државата од прашањето за мирот, бидејќи тоа ќе го отежни постигнувањето мир уште повеќе. Ова ќе го поттикне Израел да преземе и еднострани мерки“, предупреди Саар, без да прецизира за какви мерки станува збор.

Признавањето на палестинска држава би било во голема мера симболично, поради одбивањето на Израел да прифати држава каква што бараат Палестинците. Палестинците сакаат да формираат држава на територијата на Западниот Брег и Појасот Газа, кои се одвоени со израелска територија.

Шефот на американската дипломатија, Марко Рубио, на 4 септември ја критикуваше намерата на некои западни земји да ја признаат државата Палестина, тврдејќи дека ги предупредил за можна одмазда од страна на Израел во форма на анексија на териториите на Западниот Брег.

Рубио одби да се придружи на осудата од страна на светот на планот за населување на Западниот Брег, палестинска територија окупирана од Израел од 1967 година.

Во август, Израел одобри проект за изградба на 3.400 станови во секторот на Западниот Брег, што, според меѓународната заедница, се заканува да ја подели територијата на два дела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ