сабота, 11 април 2026

Израел продолжи со нападите врз Либан и покрај преговорите меѓу САД и Иран за прекин на огнот

Израелската војска објави дека продолжува со нападите врз Либан, иако во Пакистан почнаа преговори меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран за прекин на огнот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во последните 24 часа нападнале повеќе од 200 цели на милитантното движење Хезболах во Либан, пренесува Би-би-си.

Во соопштението се наведува дека нивното воено воздухопловство изведува дополнителни напади и ги поддржува копнените сили во јужен Либан.

Израелската војска исто така тврди дека ги таргетира лансирните системи, со цел да спречи напади врз Израел.

Либанското министерство за здравство соопшти дека шест лица загинале во јужен Либан, а уште пет се повредени.

Во меѓувреме, Израел предупреди на упад на авион во регионот Горна Галилеја на северот од земјата, но не е познато кој го испратил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ