понеделник, 14 јули 2025

Израел Кац: Израел ќе продолжи со нападите врз Бејрут ако Либан не го разоружи Хезболах

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека војската ќе продолжи со нападите врз Бејрут доколку Либан не го разоружи Хезболах. „Нема да има мир во Бејрут, нема ред или стабилност во Либан, без безбедност за државата Израел. Договорите мора да се почитуваат, ако не го направите она што е потребно, ние ќе продолжиме да дејствуваме, и тоа со голема сила“, изјави Кац.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Израелскиот министер на тој начин одговори на изјавите на либанскиот претседател Џозеф Аун, кој ги осуди израелските напади на либанска територија и ги нарече „флагрантно кршење“ на договорот за прекин на огнот кој стапи на сила на 27 ноември.

„Морате да се погрижите либанската армија навистина да го спроведе договорот за прекин на огнот“, рече Израел Кац во соопштението.

Израел вчера по четврти пат ги нападна јужните предградија на Бејрут, упориште на Хезболах, по прекинот на огнот меѓу Израел и исламистичкото движење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ