петок, 19 декември 2025

Истрагата заврши: Пукање на кабел е причина за смртоносна несреќа со жичница во Лисабон

Пукање на кабел предизвика смртоносна несреќа со жичница во Лисабон, во која загинаа 16 лица, а 20 беа повредени, соопштија португалските истражители.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„По прегледот на оштетените вагони на жичницата на местото на несреќата, веднаш беше утврдено дека скинал кабел што поврзува два вагона“, соопшти синоќа Националната канцеларија за безбедност во сообраќајот, пренесува Би-би-си.

Возачот се обидел да ги притисне сопирачките за итни случаи, но не можел да го спречи излетувањето од шините, соопштија инспекторите.

Иако ги активирал воздушните сопирачки и рачната сопирачка кога кабелот се откачил, не е јасно дали втората автоматска сопирачка била активирана како што требало, се вели во соопштението.

Се наведува и дека возилото забрзало до околу 60 километри на час, излетало од шините и удрило во зграда.

Несреќата се случила во средата околу 18 часот кога горниот вагон тргнал надолу пред да излета од шините и да удри во зграда на 30 метри од крајот на пругата.

Меѓу загинатите има пет Португалци, тројца Британци, по двајца Јужнокорејци и Канаѓани, по еден американски, украински, швајцарски и француски државјанин, соопшти полицијата.

Рутата на жичницата, стара 140 години, води по стрмните падини на Лисабон и е важна форма на превоз за жителите на градот, како и популарна туристичка атракција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ