четврток, 8 мај 2025

Иранскиот министер за надворешни работи патува во Москва пред нуклеарните преговори со Трамп

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи во наредните денови ќе ја посети Москва за да разговара со руската страна за преговорите меѓу неговата земја и САД за нуклеарната програма, пред нивната нова рунда за пет дена во Рим.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Иран и САД, без дипломатски односи од 1980-тите, се сретнаа во саботата, со посредство на Оман, за да разговараат за прашањето за иранската нуклеарна програма. Западните земји, на чело со Вашингтон, се сомневаат дека Иран има желба да се стекне со нуклеарно оружје. Техеран ги отфрла овие тврдења и го брани своето право на нуклеарна технологија за цивилни цели, особено во енергетскиот сектор, пишува агенцијата Франс прес.

Иран и САД се договорија да ги продолжат преговорите за пет дена. Американскиот претседател Доналд Трамп, во својот прв мандат од 2017 до 2021 година, ги повлече САД од договорот меѓу Техеран и светските сили од 2015 година. Со овој договор Техеран се согласи да ја намали својата нуклеарна активност во замена за укинување на санкциите. Републиканецот ги врати тие санкции, а Иран одговори со пречекорување на сите ограничувања за збогатување ураниум.

Американскиот претседател сега му се заканува на Иран, или да постигнат договор или да се соочат со воена акција. „Ако преговорите со Иран не бидат успешни, мислам дека му се заканува голема опасност“, рече тој минатата недела. Најавеното продолжување на преговорите ќе се одржи во Рим, откри холандскиот министер за надворешни работи Каспар Велдкамп, а тоа го потврдија повеќе извори. Иранскиот министер за надворешни работи пред тие разговори ќе ја посети Москва.

„Морам да нагласам дека ова патување веќе беше планирано“, изјави денеска портпаролот на иранското министерство Есмаил Багаи, но додаде дека посетата на крајот на неделата ќе биде можност да се разговара за најновите случувања поврзани со преговорите. Русија е една од потписничките на договорот од 2015 година меѓу Иран и светските сили, заедно со Франција, Велика Британија, Кина и Германија и САД, кои се повлекоа од договорот.

Со овој документ се укина дел од меѓународните санкции против Иран во замена за дозвола Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да ја надгледува неговата нуклеарна програма. МААЕ сметаше дека Иран ги исполнил своите обврски.

Меѓутоа, во 2018 година Трамп еднострано ја повлече својата земја од договорот и ги врати санкциите, пишува Франс прес. Техеран одговори со напуштање на своите обврски и збогатување ураниум надвор од договорените граници.

Одлуката на Трамп да се повлече делумно се должи на недостатокот на мерки против иранската балистичка програма, која се смета за закана за Израел, најголемиот сојузник на Америка. „Единствената тема на овие разговори ќе биде нуклеарната програма и укинувањето на санкциите“, најави Багаи. Регионалното влијание на Техеран и неговите ракетни способности се меѓу „црвените линии“ во разговорите, објави иранската новинска агенција ИРНА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ