Со тоа ја демантираа изјавата на Стив Виткоф, претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, дека се подготвени да го предадата оружјето. Виткоф ја посети Газа пред неколку дена. Индиректните преговори меѓу Хамас и Израел за прекин на огнот и ослободување на заложниците беа во застој минатата недела.
Во меѓувреме, неколку арапски и западни земји го повикаа Хамас да го предадат оружјето. Хамас изјави дека нема да се откаже од своето право на, како што изјави, отпор и оружје сè додека не се воспостави целосно независна и суверена палестинска држава со Ерусалим како главен град.
Од друга страна, израелската армија се закани дека ќе продолжи со борбите доколку не бидат ослободени заложниците. Израел го обвини Хамас дека ги изгладнува заложниците, пренесува Би-би-си.






