Во соопштението од кабинетот на францускиот претседател се вели дека разговорите меѓу лидерите ќе се фокусираат на безбедноста на Северниот Атлантик и Арктикот, климатските промени, енергетската транзиција и критичните минерали, пренесува Ројтерс.
Посетата е закажана за 15 јуни, пред лидерите на земјите од Групата седум, вклучувајќи го и Макрон, да се сретнат на самит во Канада.
Гренланд, кој е самоуправна територија на Данска, има стратешка локација што се протега помеѓу Северниот Атлантик и Арктикот, како и огромни резерви на критични минерали и фосилни горива.
Исто така, во Гренланд се наоѓа и американска воздухопловна база и радарска станица што се користи за откривање на ракетни закани и следење на вселената.
Американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на својот мандат изјави дека сака Соединетите Американски Држави да ја преземат таа територија од Данска, додека жителите на Гренланд и Данците се спротивставија на тоа.
Деценискиот договор веќе им овозможува на САД да воспостават повеќе воени бази на Гренланд.