недела, 14 декември 2025

Додик: Референдумот во октомври е сериозно загревање за референдумот за независност на РС, БиХ е илузија

Милорад Додик, на кого Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК) му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска (РС) врз основа на конечна пресуда на Судот на БиХ, изјави дека претстојниот референдум во РС не зборува експлицитно за независност, туку ќе биде „сериозно загревање“.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Република Српска ќе се позиционира во согласност со нашето право на самоопределување“, изјави Додик во интервју за белградска „Политика“, пренесува Радио-телевизија РС (РТРС).

Владејачкото мнозинство во парламентот на РС одлучи да одржи референдум на 25 октомври за одлуките на високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, осудата на Додик од страна на Судот на БиХ, како и одлуката на ЦИК да му го одземе претседателскиот мандат врз основа на таа пресуда.

Тој нагласи дека Република Српска „нема намера да се откаже“, оценувајќи дека „муслиманите сакаат да го елиминираат од политиката, не сфаќајќи дека со тоа само уште повеќе ги зајакнуваат Србите“.

„За многумина сум опасен сведок. Јас сум непланиран настан бидејќи успеав триесет години да ја зачувам РС. Затоа се нервозни“, рече Додик.

Говорејќи за високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, тој рече дека „веднаш разбрал кој е Шмит, штом почнал да крева врева и да вика како Хитлер по кафаните“.

Тој исто така изјави дека „разговарал два часа со специјалниот претставник на американскиот претседател, Ричард Гренел, за тоа како да ја направи соработката со новата американска администрација што е можно подобра“.

„БиХ е илузија изградена од противниците на (американскиот претседател) Трамп, таа порака мора да стигне до американскиот претседател“, изјави Додик.

Зборувајќи за политичката соработка со Израел и Евреите, Додик истакна дека тоа „не е прашање за некаков рефлекс“.

„Кога БиХ случајно беше членка на проширениот Совет за безбедност на Обединетите нации (ОН), јас не ѝ дозволив да ја признае Палестина како држава. Тоа беше одлучувачкиот глас во Советот за безбедност, а јас бев со Израел цело време“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ