вторник, 15 јули 2025

Брутален руски одговор на украинската акција: Харков е во пламен, три лица загинаа, 22 се ранети, меѓу кои и бебе (ВИДЕО)

Русија синоќа го нападна источниот украински град Харков со беспилотни летала, ракети и наведувани бомби, при што загинаа најмалку три лица, беа повредени 22, меѓу кои и едно и пол месечно бебе, изјави денеска градоначалникот Ихор Терехов, пренесува Ројтерс.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Харков, еден од најголемите градови во Украина, се наоѓа на само неколку десетици километри од руската граница и е под постојано руско гранатирање повеќе од три години војна.

Харков моментално го доживува најсилниот напад од почетокот на војната од големи размери“, изјави Терехов рано утринава на апликацијата Телеграм.

Десетици експлозии се слушнале во градот во текот на ноќта, а руските трупи истовремено нападнале со ракети, беспилотни летала и наведувани бомби, рече тој.

Нападнати се повеќекатници и приватни станбени згради, образовни и инфраструктурни објекти, истакна Терехов.

Фотографиите од локалните власти и Ројтерс покажуваат изгорени и делумно уништени куќи и возила, како и спасувачи кои ги носат повредените на безбедно место и ги отстрануваат урнатините.

Гувернерот на Харков, Олех Сињехубов, изјави дека еден од цивилните индустриски објекти во градот бил нападнат со 40 беспилотни летала, една ракета и четири бомби, што предизвикало пожар, додавајќи дека луѓето можеби сè уште се заробени под урнатините.

Украинската војска објави дека Русија во текот на ноќта лансирала 206 беспилотни летала, две балистички ракети и уште седум други ракети кон Украина.

Беше соопштено дека нивните единици за противвоздушна одбрана собориле 87 беспилотни летала, додека други 80 беспилотни летала биле изгубени – што укажува на тоа дека украинската војска користела електронска војна за да ги пренасочи – или биле симулатори на беспилотни летала кои не носеле боеви глави. Беа погодени десет локации, соопшти војската.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ