недела, 14 декември 2025

Бомбардиран будистички храм во Мјанмар, најмалку 23 лица загинаа

Најмалку 23 лица се убиени во воздушен напад врз будистички манастир во Мјанмар, соопштија денеска членови на движењето на отпорот во земјата.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Нападот се случил во селото Лин Та Лу во централниот дел на земјата, во кој се повредени околу 30 лица, додека 10 се во тешка состојба.

Повеќе од 150 лица од околните села се засолниле во манастирот, кој бил бомбардиран од млазен авион, во последните недели за да избегаат од копнени напади во регионот.

Војската на Мјанмар претходно соопшти дека напаѓа само легитимни воени цели и ги обвини силите на отпорот за тероризам.

Граѓанската војна започна во земјата во февруари 2021 година, кога армијата ја презеде власта, што предизвика мирни демонстрации, кои беа насилно задушени.

Противниците на армијата потоа почнаа да се вооружуваат, армијата им се спротивстави со воздушни напади од кои не можеа да се одбранат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ