петок, 2 мај 2025

Белград: Зградите на РТС сè уште се блокирани

Студентите и граѓаните кои ги поддржуваат продолжија да ги блокираат зградите на Радио телевизија на Србија (РТС) на улицата Таковска и Кошутњак во Белград, објави денеска РТС на својата веб-страница.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Поради блокади затворени за сообраќај се дел од улицата Таковска, улиците Илија Гарашанин и Мајора Илиќ.

Студенти и граѓани утринава ги блокираат влезовите во објектите на РТС на улиците Таковска и Абердарева, како и студијата на Кошутњак, спречувајќи ги вработените да дојдат на своите работни места.

РТС извести дека поради тешките услови за работа предизвикани од блокадата, била принудена да го прилагоди распоредот на програмата, до Првото основно јавно обвинителство во Белград е поднесена кривична пријава против неидентификувани лица и побаран е одговор од меѓународните институции.

Студентите во блокада од 14 април во 22 часот ги блокираат зградите на јавниот сервис и изјавија дека блокадата ќе трае „до објавување на нов конкурс за членови на Советот на Регулаторната управа за електронски медиуми (РЕМ), или додека РТС не се исклучи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ