недела, 14 декември 2025

Асошиејтед прес: ФБИ го претресува домот на поранешниот советник на Трамп за национална безбедност Џон Болтон

ФБИ го претресува домот на поранешниот советник за национална безбедност на администрацијата на Трамп, Џон Болтон, во американската држава Мериленд, како дел од истрагата за ракување со доверливи документи.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Ова денеска за агенцијата Асошиејтед прес го изјави анонимно лице запознаено со истрагата. Портпаролот на Болтон и Белата куќа не одговорија на прашањата на новинарите. Адвокатот на Болтон, исто така, не коментираше за ситуацијата.

Болтон беше трет советник за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп 17 месеци и се судри со него околу прашањата за Иран, Авганистан и Северна Кореја.

Првата администрација на Трамп неуспешно се обиде да го блокира објавувањето на книгата на Болтон, за која тврдеше дека содржи доверливи информации.

На својот прв ден повторно на функцијата оваа година, републиканецот Трамп, ги одзеде безбедносните дозволи на повеќе од четириесет поранешни разузнавачки службеници, вклучувајќи го и Болтон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ