понеделник, 2 јуни 2025

Апелацискиот суд привремено ги одобри царините на Трамп

Царините наметнати од администрацијата на Доналд Трамп, кои беа поништени од Трговскиот суд на САД претходно оваа недела, ќе бидат привремено вратени во сила додека жалбената постапка не се спроведе преку судскиот систем, пресуди Федерален апелационен суд.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката доаѓа откако панел од тројца федерални судии пресуди дека Трамп ги пречекорил своите овластувања со воведување глобални тарифи, повикувајќи се на закон што дозволува итни мерки во политиката за надворешна трговија.

Владата поднесе барање за итно суспендирање на одлуката донесена од американскиот Трговски суд со која беа поништени таканаречените „реципрочни“ царини што ги бараше Трамп, како и царините наметнати на Кина, Канада и Мексико како дел од борбата против трговијата со фентанил.

Белата куќа ја критикуваше првата судска одлука за суспендирање на голем дел од царинските мерки на Трамп, а пресудата беше поздравена од главните трговски партнери на САД, додека Кина повика на „целосно укинување“ на царинските мерки на Трамп.

По блокирањето на царините, европските берзански индекси пораснаа во четврток, како и глобалните акции, доларот и приносите од обврзниците.

По блокирањето на царините, цената на златото падна.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно ја критикуваше одлуката на Трговскиот суд, во која се наведува дека тој ги пречекорил своите овластувања со наметнување на своите најобемни царини, нарекувајќи ја погрешна и изразувајќи надеж дека Врховниот суд ќе ја поништи одлуката.

„Пресудата на Американскиот суд за меѓународна трговија е толку погрешна и толку политичка! Се надеваме дека Врховниот суд БРЗО и РЕШИТЕЛНО ќе ја поништи оваа ужасна одлука што ја загрозува земјата“, напиша тој на Трут соушл.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ