Според Си-Ен-Ен, американскиот претседател Доналд Трамп разгледува различни опции за спроведување воени напади „против нарко картелите што дејствуваат во Венецуела“, вклучително и можноста за напади во самата земја, како дел од поширока стратегија насочена кон ослабување на лидерот Николас Мадуро, според извори запознаени со плановите на администрацијата.
Доналд Трамп негираше дека станува збор за промена на режимот, но ја нагласи спорната природа на минатогодишните избори во Венецуела.
BREAKING NEWS: President Trump publishes video images of the US army carrying out an attack on a ship carrying drugs from Venezuela.
I don’t know the real information of all this and possibly all this is false but I can’t deny that I’m starting to believe that Maduro is a drug… pic.twitter.com/Jae0VwbPTH
— GG (@LuillyDRR) September 2, 2025
САД распоредија значителна воена сила на Карибите во последните недели – воени бродови вооружени со ракети „томахавк“, напаѓачка подморница, разни видови авиони и повеќе од 4.000 морнари и маринци. Исто така, 10 напредни борбени авиони Ф-35 се испратени во Порторико, каде што маринците спроведуваат вежби за амфибиско слетување, пренесува Си-ен-ен.
Администрацијата го означи Мадуро како „нарко терорист“ и ја удвои наградата за неговото апсење на 50 милиони долари.
Изворите велат дека нападите врз операциите на картелите поврзани со Венецуела имаат за цел да извршат притисок врз опкружувањето на Мадуро, кое наводно профитира од нелегални приходи.
На почетокот на оваа година, Трамп ја овласти војската да изврши смртоносни операции против картелите означени како терористички групи.
Државниот секретар Марко Рубио изјави дека САД нема да се двоумат да ги нападнат картелите „каде и да се“. Тој потврди дека претседателот наредил уништување на бродот наместо да го пресретнат и додаде дека таквите акции ќе се повторат.
Одлуката на администрацијата предизвика загриженост за правната основа на нападот. Планираниот брифинг за Конгресот беше откажан без објаснување, што предизвика дополнителни сомневања.
Белата куќа тврдеше во писмо до конгресните лидери дека претседателот дејствува во рамките на неговите уставни овластувања како врховен командант. Во документот се нагласува дека не е можно да се одреди времетраењето или обемот на идните операции.
Марко Рубио стана главен јавен застапник на кампањата против картел. Тој беше првиот што откри детали за нападот на бродот и тврдеше дека Трамп ќе ја искористи „целата моќ на Америка“ за да се справи со картелите.
Рубио долго време зазема тврд став против Мадуро, сега ја истакнува својата улога во трговијата со дрога како клучен елемент во разбивање на транснационален криминал.
И покрај острите изјави, САД продолжуваат да соработуваат со Венецуела во врска со депортациите и ѝ дозволија на „Шеврон“ да ги продолжи своите нафтени операции, покренувајќи прашања за вистинските цели на политиката кон режимот на Мадуро.
Белата куќа инсистира дека „сите опции се на маса“, а портпаролката Каролин Ливит го опиша режимот на Мадуро како „нарко терористички картел“ и повтори дека Мадуро не е легитимен претседател.
Експертите посочуваат дека Венецуела не е земја која произведува кокаин и дека нејзиниот удел во регионалната трговија со дрога не е пресуден, поради што се поставува прашањето дали борбата против дрогата се користи како изговор за притисок врз Мадуро или нешто уште поголемо од тоа.
Поранешниот амбасадор Луис Морено оцени дека приходите на Мадуро зависат од други извори, како што е нафтата, но дека венецуелските воени сили заработуваат огромни пари од соработката со колумбиските трговци со дрога.






