среда, 12 февруари 2025

Супербоул го собори рекордот на гледаност во САД

Годинава Супербоул, финалето на плејофот на американската професионална фудбалска лига НФЛ, стана најгледаниот телевизиски настан во историјата во САД со просечна гледаност од 127,7 милиони, соопшти специјализираната агенција за следење на рејтингот Нилсен.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Оваа бројка ги вклучува сите гледачи кои ја гледаа победата на Филаделфија Иглс со 40-22 над бранителот на титулата Канзас Сити Чувс и на домашната мрежа на Фокс, на станицата на шпански јазик на Фокс Депортес Телемундо и на сервисот за стриминг на Фокс, Туби.

Исто така, просечната гледаност ги вклучува посетителите на баровите и рестораните каде организирано се гледаше натпреварот.

Најмногу гледачи го следеа натпреварот во втората четвртина, кога бројката достигна 137,7 милиони. Сепак, кога „орлите“ го зголемија водството на 24-0 во тој дел од натпреварот, гледаноста падна како што се очекуваше.

Претходниот рекорд на гледаност на Супербоул беше 123,7 милиони, поставен минатата година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ