вторник, 22 октомври 2024

Сунак го призна поразот: Промените во Велика Британија почнуваат сега

Британскиот премиер и лидер на конзервативците Риши Сунак го призна поразот на вчерашните парламентарни избори и му честиташе на победата на лидерот на лабуристите Кир Стармер.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Лабуристичката партија победи на овие општи избори, му се јавив на Кир Стармер за да му честитам на победата“, рече тој.

Сунак истакна дека владата ќе се смени „уредно и мирно“ и ја презеде одговорноста за поразот на изборите, пренесува Скај њуз.

„Британскиот народ донесе отрезнувачка пресуда и јас ја преземам одговорноста за поразот. За многуте добри, вредни кандидати на конзервативците кои вечерва загубија… Жал ми е“, додаде премиерот во заминување.

Според излезните анкети, лабуристите на вчерашните општи избори во Велика Британија освоија 410 од 650 места во Долниот дом, со што ставија крај на 14-годишната влада предводена од конзервативците.

Промените во Британија почнуваат сега, изјави лидерот на лабуристите, Кир Стармер, откако неговата партија победи на вчерашните избори за да стави крај на 14-годишното владеење на конзервативците на премиерот во заминување Риши Сунак.

Во својот говор по победата на неговата партија, идниот премиер Стармер истакна дека овој мандат носи голема одговорност, но дека со победата на лабуристите „конечно е тргнат товарот од плеќите“ на британскиот народ.

„Во политиката ништо не е однапред одредено. Победите на изборите не паѓаат од небо – тешко се добиваат и тешко е да се бориш за нив“, изјави тој, пренесува Скај њуз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ