„Се одзема имунитетот на врховен судија заради непречено водење на кривичната постапка. Се одобрува барањето за одобрување на мерката притвор за судија на Врховен суд поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје. Времено се одалечува од вршењето судиска функција, судија на Врховниот суд до правосилно решавање на кривичната постапка“, соопштија вечерва од Судскиот совет.
На итната седница свикана на полноќ, со сите 10 гласа за на присутните членови на Судскиот совет јавноста вечерва беше исклучена од распрвата дали на судијата на Врховниот суд, Наке Георгиев ќе му биде одземен имунитетот откако вчера попладне тој беше уапсен под сомнение дека припил поткуп од 10.000 евра. Според Законот за Судски совет, расправата е од доверлив карактер и се води без присуство на јавноста.
Група истражители до синоќа вечерта вршеле претрес во канцеларијата на врховниот судија Наке Георгиев, осомничен за примање поткуп од 10.000 евра, потврдија вечерва за МКД.мк извори од Врховниот суд.