Деловните врски на Гомез, како и оние на шпанската влада, се под лупа од април, кога една екстремно десничарска антикорупциска невладина организација поднесе обвинение против неа па судот отвори прелиминарна истрага.
Полицијата задолжена за истрагата во мај соопшти дека не пронашла докази за вршење на влијание, по нова судска покана, владината портпаролка Пилар Алегрија повторно ги отфрли обвинувањата и оцени дека станува збор за кампања за оцрнување што ја води екстремната десница.
Кога во април се појавија обвинувањата за корупција на неговата сопруга, Санчез ги суспендираше своите должности на пет дена, дури и размислуваше да поднесе оставка од функцијата што ја извршува од 2018 година.
Тој сепак одлучи да остане на функцијата премиер на Шпанија.