Оценката за контроверзниот пенал во Кавадарци на мечот меѓу Тиквеш и Гостивар кој крена голем прав, е дека судијата исправно ја донел одлуката.
„32 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за гостинската екипа екипа , при резултат 0:1)
Додадена топка во 16-сетникот на домашната екипа странично од голот, топката не беше во ничив посед и на неа тргнаа два противнички играчи, прв до топката стигна играчот на гостинската екипа, ја удри и потоа играчот на домашната екипа невнимателен недозволен старт (на нога и тело) над противничкиот играч.
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа, поради недозволен старт (со нога и тело) на играч на домашната екипа над противнички играч“, се вели во ангализата на судиската комисија за оваа ситуација.
Целиот извештај може да го прочитате за овој ЛИНК.