среда, 23 октомври 2024

Судири меѓу полицијата и граѓаните во Саутпорт, Англија, по бдеењето за трите убиени девојчиња (ВИДЕО)

Во Саутпорт, Англија, синоќа избувнаа судири меѓу полицијата и граѓаните, откако претходно беше одржано бдеење во спомен на трите убиени девојчиња и седуммината повредени на час по танц во понеделникот, јави Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Полициско комбе било запалено, а кон полицајците биле фрлени шишиња.

Полицијата соопшти дека „предмети“ биле фрлани кон локалната џамија.

Претходно стотици луѓе се собрале на бдение.

17-годишно момче, осомничено за убиствата, останува во притвор.

Министерката за внатрешни работи Ивет Купер ги повика луѓето да покажат почит кон полицијата која спроведува „итна кривична истрага“ и која покажа херојство и храброст пред „ужасните напади“ во понеделникот.

17-годишното момче, родено во Кардиф, е уапсено под сомнение за убиство и обид за убиство.

Полицијата соопшти дека немирите избувнале по повикот за протест во близина на џамијата во близина на местото каде што се случи нападот.

Полицијата потврди дека нападот не е класифициран како терористички.

Нападот се случил на „Работилница за јога и танц на Тејлор Свифт“ наменета за деца на возраст од шест до 10 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ