недела, 23 февруари 2025

Судири меѓу демонстрантите и полицијата: Бугарите протестираат против воведување на еврото (ВИДЕО)

Околу 1.000 жители на Софија се судрија со полицијата на демонстрациите во бугарскиот главен град против плановите на владата на земјата да го воведе еврото.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Демонстрантите се собраа пред канцеларијата на Европската комисија во Софија и фрлаа црвена боја и петарди врз зградата. Тие ја запалиле влезната врата.

Пристигнаа пожарникари, а полицијата ги потисна демонстрантите. Соопштено е дека неколкумина од нив се уапсени, неколку полицајци се повредени.

Протестот, организиран од проруската националистичка партија Вазраждане, почна претходно денеска пред седиштето на Бугарската народна банка. Демонстрантите побараа оставка од владата и извикуваа „Не за еврото“ и „Да за бугарскиот лев“ – што е бугарската валута.

Лидерот на Вазраждан, Костадин Костадинов изјави дека неговата партија бара референдум за да се одлучи за влез во еврозоната.

„Ако нема референдум, ќе ја блокираме работата на Народното собрание“, рече Костадинов, чија партија е трета по големина во парламентот.

Бугарија, која се приклучи на ЕУ во 2007 година, во последниве години беше зафатена од политичка нестабилност. Новата влада, формирана минатиот месец, го наведе членството во еврозоната како клучен приоритет.

Сепак, не се сите убедени дека Бугарија е подготвена да влезе во еврозоната. Некои економисти тврдат дека земјата нема економски услови за влез во еврозоната и сѐ уште не е подготвена да усвои единствена валута.

Но, владата, поддржана од други проевропски партии во парламентот, ја нагласува политичката важност од прифаќањето на еврото како уште еден чекор кон продлабочување на европската интеграција во услови на зголемени геополитички тензии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ