Група млади Палестинци синоќа запалиле пиротехнички средства и фрлале камења врз израелската полиција додека се обидувале да се забарикадираат во ал-Акса, третото најсвето место на исламот во Ерусалим. Ал-Акса се наоѓа на Ридот на храмовите, најсветото место во јудаизмот и третото најсвето место во исламот.
Полицијата соопшти дека Палестинците се обиделе да ги спречат верниците да излезат од џамијата. Претходната ноќ во судирите на таа локација во стариот дел на Ерусалим беа повредени неколку лица. Полицијата уапси околу 350 луѓе.
Израелската полиција објави видео во траење од педесетина секунди, на кое се гледа експлозија на богослужбата, најверојатно од пиротехнички средства, а се гледаат и силуети на луѓе што фрлаат камења.
На друго полициско видео, може да се види како полицајците за борба против немири влегуваат во џамијата, покривајќи се со штитови поради петардите. Полицијата наводно употребила палки, солзавец и гумени куршуми за да го расчисти патот и да ја евакуира џамијата. Според Црвената полумесечина, повредени се околу 40 Палестинци.
Исламското екстремистичко движење Хамас, на власт во Појасот Газа, истрела неколку ракети врз Израел. Израелската армија одговори со погодување на неколку цели во крајбрежната енклава. Муслиманите доаѓаат да се молат во ал-Акса за време на Рамазан, додека Евреите традиционално одат на аџилак во Ерусалим за Пасха. Светото место е под палестинска управа, додека Израел е одговорен за безбедноста.