сабота, 19 октомври 2024
Реакции за менито во владиното бифе

Студентски отпор: Ајде нашиот сув и бајат леб да го замениме за вашите функционерски оброци

Менито на владиното бифе денеска стана една од позастапените теми по социјалните мрежи заради „багателните“ цени на готовите јадења, каде копан со ориз може да се руча за 100 денари или вешалица за 135 денари. Да не зборуваме за гравче тавче од 35 денари и слично. Текстот на МКД.мк од утрово, во кој наведовме пример дека студентите, со ваучерите за топол оброк со дневна вредност од 140 денари, би можеле комотно да се наручаат во Владата, како да послужи за инспирација на Студентски отпор да се огласи со своја порака до власта.

Објавено на

часот

Сподели

Студентски отпор, младинско движење кое се бори за подобар стандард на студентите, во својата објава на Фејсбук напиша:

„Додека студентите секојдневно треба да прават пресметки и да, стравуваат дали ќе им стигнат 140 денари на ден за убав и квалитетен оброк, функционерите се ‘гоштеваат’ штедејќи врз грбот на студентите. Иако имаат поголем стандард од нас студентите, иако си ги зголемија веќе високите плати за 78%, сепак функционерите одлучуваат студентите да гладуваат додека тие комотно седат на кожни фотелји без грижа и совест за студентите.

Не е подобра ситуацијата во студентските домови.

Студентите кои престојуваат таму, се жалат дека соочуваат со низа проблеми кога е во прашање храната, укинат им е појадокот, често наоѓаат инсекти во оброците, минатата година студентите од Студентскиот Дом Пелагонија се затруја со храна.

На функционерите им порачуваме : Ајде да го замениме нашиот сув и бајат леб за вашите функционерски оброци!

Студентски отпор будно ќе ја следи ситуацијата во наредниот период“.

Инаку, и опозициски политичари и други јавни личности го споделија менито од владиното бифе со свои коментари. Но, повеќето заборавија, случајно или не, дека мени со ниски, па и пониски цени има и во Собранието на Македонија, каде на рамноправна база се „гоштеваат“ пратениците и од власта и од опозицијата.

                                                                                             П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ