вторник, 22 октомври 2024

Струмичанка му платила 8.000 евра на мајстор кој не ѝ ја реновирал куќата

Струмичанка вчера пријавила дека била измамена за сума од преку 8.000 евра. Како што информира МВР, таа се договорила со ммајстор да ѝ ја реновира куќата, му плаќала во три наврати, праќајќи му пари од странство, но откако се вратила видела дека работите не се завршени.

Објавено на

часот

Сподели

„Триесет и шестгодишна жена од струмичко село пријавила дека била измамена од едно лице. Според пријавеното, таа се договорила со лицето да работи на реновирање на нејзината куќа, по што на крајот на феврурари и почетокот на март 2024 година во три наврати, додека била во странство, му ги пратила парите. Како што е пријавено, откако се вратила видела дека работите не се завршени, а вчера лицето ја известило дека нема да продолжи да работи на куќата“, наведува МВР.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ