А полициски службеници не видовме, ниту кај Скопјанка во Аердором каде започна да се стои со минути и минути во место во една од трите ленти полни со возила, ниту потоа.
Фото: П.Џ.
Кој тргнал на работа, кој на училиште, некој на лекар. Некој можеби тргнал и на прошетка, зарем е тоа забрането кога имаме режим кој го викаат посебен сообраќаен?
Вежба со стратешкиот партнер на Македонија, САД, односно нејзината амбасада имавме и пред осум дена во главниот град, која се поклопи со велосипедска трка, додуша на другиот дел од градот. А и пред некој месец.
А што се вежба не е вежно. Важно е дека имаме посебен режим и трпение.
Ех, вечно Скопје!
П.Џ.