петок, 29 ноември 2024

Стотина планинари го искачија Димев Врв на Пелистер во чест на Мурато

Објавено на

часот

Сподели

Традиционалниот марш кој во овој период од годината се одржува во чест и слава на Димитар Илиевски-Мурато, почна во 7 часот утрото по планинарска патека долга 26 километри.

„Прекрасно беше чувството да се учествува на планинарскиот марш кој и годинава понуди планинарски предизвици, бидејќи од месноста Ловечка Куќа и се до Димев Врв и Пелистер чекоревме низ снежна покривка висока 80 сантиметри. Очекувано најбројни беа битолските планинари, но заедно со нас и оваа година беа планинарите од Скопје, Кочани, Куманово, Пехчево, Кавадарци и други македонски градови, како и гости од Грција“, изјавија учесници на планинарскиот марш.

Планинарскиот марш е востановен во 1989 година, истата година кога битолчанецот Димитар Илиевски-Мурато, како член на македонската алпинистичко-хималајска експедиција „Еверест 89“ се искачи на највисокиот врв на светот Еверест, развиори знаме, но за жал не успеа да се врати до базниот логор, останувајќи вечно на Хималаите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ