Магазинот Штерн извести дека до податоци дошол во повеќето од 16 германски покраини. Берлин, Мекленбург, Бремен и Тирингија немале нови информации.
Полицајците кои не го следат уставот туку екстремистички идеи се голема опасност за демократијата и правната држава, кажал за Штерн министерот за внатрешни работи на Северна Рајна-Вестфалија Херберт Ројл.
На тие луѓе не им е местото во полицијата, кажа министерот.
„Живееме во време кога десничарските екстремисти плански се обидуваат да ја поткопаат полицијата“, изјави комесарот на Бундестагот за полицијата Ули Греч. Опасноста, според него, е поголема од кога било.
Истрагите за можни екстремисти во редовите на сојузните и покраинските органи за безбедност траат со години.
Сојузното министерство за внатрешни работи во 2022 претстави извештај според кој за три години е откриено дека 327 вработени имале врски со десничарски екстремизам или со таканаречените граѓани на рајхот.
„Граѓаните на рајхот“ се екстремисти кои не го признаваат поредокот на повоена Германија. Во мај почнува судењето на членови на таа група поради планот да изведат државен удар.