Стопанската комора завчера соопшти дека бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог-законот за данок на солидарност. Клубот 100, како најрепрезентативно тело на раководење во Комората, ја повика Владата да покаже сериозен однос кон укажувањето на најголемата и најбројна бизнис асоцијација во државата.
Според Клубот 100, „јасна е намерата на Владата дека овој закон сака да го протне со европско знаме, кој ќе нанесе поголема штета, одошто добро“.
Комората оценува дека ваков данок, што се носи ад-хок, во втората половина на деловната година, создава несигурност кај постојните и потенцијалните инвеститори