„Ќе бидам многу искрен и кон претседателот (на Украина Володимир) Зеленски и кон парламентот и ќе кажам дека НАТО сојузниците во последните месеци не го испорачаа она што го ветивме. САД потрошија шест месеци за да го договорат пакетот, а европските сојузници не ја испорачаа муницијата која ја ветивме. Но сега сум уверен дека нештата ќе се сменат“, кажа тој во возот со кој допатува во Киев.
Кажа и дека очекува и други „нови обврски“.
„Тоа ќе направи разлика – како што недостигот од поддршка направи разлика“, кажа тој, алудирајќи на украинските неуспеси на бојното поле, пренесува Ројтерс.
Оцени дека „Русите платиле висока цена за маргинална територијална добивка“ и оцени дека „Украина сè уште може да ја сврти ситуацијата“.
„Сè уште не е доцна Украина да превладее и затоа е толку итно НАТО сојузниците сега да го направат тоа што го ветивме и тие обврски да ги претвориме во реални испораки на оружје и муниција“, порача тој.
Ова е трета посета на Столтенберг на Киев од почетокот на конфликтот.