недела, 20 октомври 2024

Столтенберг од Приштина: Разгледуваме трајно зголемување на војниците на НАТО на Косово

НАТО размислува за трајно зголемување на бројот на војници на Косово за да ги држи тензиите под контрола, кажа генералниот секретар Јенс Столтенберг во Приштина. НАТО испрати стотици дополнителни војници на Косово од Британија и Романија по инцидентот на косовската полиција и локалните Срби на северот на Косово на 24 септември.

Објавено на

часот

Сподели

„Сега разгледуваме дали има потреба за трајно зголемување за да обезбедиме ова да не излезе од контрола и да не се претвори во нов насилен конфликт на Косово или во поширокиот регион“, кажа Столтенберг.

Тензиите во септември предизвикаа нова загриженост кај Западот во врска со стабилноста на Косово, кое во 2008 година еднострано прогласи независност од Србија, по воената интервенција на НАТО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ