Димитриевски одлично влезе во новата година, Македонецот даде допринос за победа на Рајо Ваљекано.
Хетафе мечот го заврши со девет фудбалери откако Латаса во 40. минута доби втор жолт картон, а во 50. минута Гринвуд беше исклучен откако нешто му рече на судијата.
Головите за Рајо Ваљекано ги постигна Камело во судиското продолжение од првото полувреме, а истиот играч погоди и по само две минути од вториот дел.