„Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева, спротивно на процедурите, на Уставот, на законите и Деловникот на Судскиот совет, беше разрешена од нејзиниот заменик Селим Адеми. Само за потсетување, довербата денес е 3 проценти, односно 97 процентна недоверба во судството во целост. Токму поради ваквите меѓупартиски и меѓукоалициски препукувања и пазарења, но и поради грубата партизација на судството во целост која што ја врши власта во овие 6-7 години, довербата на граѓаните е катастрофална и на рекордно најниско ниво досега во историјата на Репулбика Македонија. Веќе години наназад апелираме и алармираме да се престане со поставување на партиски кадри на високи позиции во македонското судство и во сите останати државни институции. Но власта продолжува по свое, иако токму на сето ова се должи оваа комплетна анархија во нашиот систем.
Проблемите во судството се решаваат со дијалог, реформи и одговорност. Не се решаваат со молчење и криење на проблемите под тепих. Во спротивно, се случуваат и ќе продолжат да се случуваат вакви или слични состојби кои никако не се европски вредности и патот кој ќе не одведе во Европската Унија.
За крај, во секоја нормална, демократска и европска држава за вакви состојби прва ви требало да регира власта. Ова е доказ дека ние немаме демократска, европска и капацитетна власт, подготвена за решавање на секој проблем. Ова е доказ дека власта во оваа држава е проблем, а не решение. Уште еднаш, апелираме оваа Информација да биде ставена на дневен ред на првата следна и веќе закажана пленарна седница на 10-ти мај“, рече Стојановска.