„Бугарија никогаш нема да ѝ објави војна на Македонија, тоа е лудост. Но, овој предизвикувачки и агресивен тон кон западниот сосед овозможува да се создаде една нација која што ќе започне искрено да ја мрази Бугарија. Тоа е паралелата со Русија и Украина и моето предупредување“, изјави Стојанов.
Според него, колку и да се заострени позициите, дијалогот меѓу „двете братски држави“ мора да се води во пријателски тон.
Стојанов, кој беше бугарски претседател од 1997 до 2002 година, додава дека во Бугарија премногу се робува на јавното мислење и дека вистинските државни лидери мора да го креираат јавното мислење, особено кога станува збор за историски одлуки, како што беше зачленувањето на Бугарија во НАТО и ЕУ.