петок, 19 јули 2024

Стоилковиќ: Не сум човек на Путин, јас сум слуга на српскиот народ во Македонија

Јас сум Србин, како можам да бидам нечиј друг човек. Цел живот сум слуга на српскиот народ во Македонија, но се обидувам и да бидам лојален граѓанин на Македонија, вели вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ во интервју за белградска Прва ТВ прашан за коментар за обвинувањата дека тој е човек на рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Во интервјуто, Стоилковиќ вели дека прво што направил како министер е тоа што му дал задача на Институтот за социолошко-политички и правни истражувања да изготви анализа за состојбата во која се наоѓаат националните малцинствата во Македонија за да може понатаму да знае каде и како да се движи македонската Влада во врска со ова прашање.

„Со оглед на тоа што освен министер за односи со заедниците сум и заменик премиер на Владата тоа има врска и со активности во областа на инвестициите и регионалната соработка. Се надевам дека уште идната недела ќе договориме состанок со министрите и со претседателот на српската Влада на која ќе договориме учество на македонската еконоија на Белград експо 2027“, изјави Стоилковиќ.

Тој се согласува со забелешката дека Македонија и Србија немаат отворени прашања и вели дека ќе работи на подобрување на соработката помеѓу двете земји.

„Ќе работам на продолжување на изградбата на брзата пруга од македонската граница до Солун. Тоа е голема работа. Идејата е да ги собереме сите добри српски искуства кои ѝ се неопходни на Македонија. Неопходен ни е и Отворен Балкан. Тој е од голем интерес за македонската економија. Во таа смисла морам да му се заблагодарам на српскиот претседател Александар Вучиќ кој препозна дека тоа што јас го работам, што го работат Србите во Македонија е позитивно, како за Србите, така и за регионалната соработка“, вели Стоилковиќ во интервју за Прва ТВ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ