Две места се обезбедени за летната школа во Плзењ, од 5 до 25 јули 2025, и две места за Брно – од 26 јули до 23 август 2025.
Стипендијата покрива школарина, сместување и исхрана во студентска кантина, а патните трошоци се на товар на самиот кандидат.
Пријавата, апликацијата за пријавување и потребни информации може да се најдат на: https://www.msmt.cz/eu-and-international-affairs/summer-schools-of-slavonic-studies-2025 и на веб-страницата на македонското Министерство за образование и наука www.mon.gov.mk (конкурси). Може да се пријават кандидати и вон конкурсот со сопствено финансирање.
Во објавата на МОН се наведени информации за документите кои треба да ги поднесат заинтересираните, начинот на пријавување и изборот на кандидатите.
Најдоцна до 5 март 2025 треба да бидат доставени апликацијата заедно со потребните документи во два примерока до Министерство за образование и наука, сектор за наука и иновации, улица Свети Кирил и Методиј, бр.54, 1000 Скопје.
Подетални информации и апликациите се достапни и на веб-страницата: http://www.mzv.cz/skopje